• петок, 05 декември 2025

Симеоне за Интер: Имаат карактер и неверојатен состав

Симеоне за Интер: Имаат карактер и неверојатен состав

Мадрид, 26 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, упати комплименти до Интер со кого неговиот тим ќе се соочи во 5. коло од Лигата на шампионите.

-Интер игра многу добро, има карактер и многу јасен напаѓачки план. Имаат неверојатен состав. Доминираа во текот на целиот натпревар против Милан (0:1), имаа шанси за гол и можеа да победат. Што се однесува до Лигата на шампионите, нивните резултати зборуваат сами за себе, изјави Симеоне за „Goal.com“.

Натпреварот ќе се игра вечер во Мадрид, со почеток во 21 часот.

Атлетико Мадрид е на 20. место во генералниот пласман со 6 бода, додека Интер е на третото место со 12 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан