• сабота, 21 февруари 2026

Силни шумски пожари во централно Чиле одзедоа 20 животи

Силни шумски пожари во централно Чиле одзедоа 20 животи

Буенос Аирес, 20 јануари 2026 (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа во силни шумски пожари во централно Чиле, изјави вчера министерот за внатрешни работи, Алваро Елизалде.

„Како последица од овие пожари загинаа 20 лица, 19 од нив во регионот Биобио и едно во Нубле“, рече Елизалде на прес-конференција додавајќи дека досега се идентификувани само шест од жртвите.

Министерот рече дека се гаснат 31 пожар и дека е воведена црвена тревога во централните региони Биобио, Нубле и Арауканија.

Истакна дека повеќе од 34.000 хектари се погодени од пожарите, а Биобио најтешко со повеќе од 27.000 хектари уништени.

Чилеанскиот претседател Габриел Борик прогласи состојба на катастрофа поради пожарите, кои принудија повеќе од 20.000 луѓе да се евакуираат.

Во текот на летото на јужната хемисфера Чиле постојано е погодуван од сериозни шумски пожари. Минатата година над 100 луѓе ги загубија животите, а речиси 15.000 куќи беа уништени или оштетени. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан