• петок, 20 февруари 2026

Сибига: Зеленски е подготвен да се сретне со Путин за да разговара за двете најчувствителни прашања

Сибига: Зеленски е подготвен да се сретне со Путин за да разговара за двете најчувствителни прашања

Киев, 27 јануари 2026 (МИА) - Претседателот Володимир Зеленски е подготвен за лична средба со Владимир Путин, за време на која двајцата ќе ги решат најчувствителните прашања од мировниот план - териториите и нуклеарната централа Запорожје, но Русија останува главна пречка за мировниот процес, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига во интервју за „Европска правда“.

Шефот на украинската дипломатија истакна дека Украина чека на потпишување на мировниот план од 20 точки, доколку се постигне договор за него, бидејќи двете најчувствителни прашања остануваат нерешени.

„Токму за да се решат овие прашања, претседателот е подготвен да се сретне со Путин и да разговара за нив. Сепак, Русија продолжува да биде пречка за мировниот процес“, рече Сибига.

Како одговор на прашањето кој го одложува мировниот план и каков ќе биде статусот на овој документ, министерот објасни дека рамката од 20 точки во моментов е билатерален документ што сè уште не е потпишан од САД и Украина.

„А со Русија - ќе го потпишат Соединетите Американски Држави. Во моментов, ова е структурата што се дискутира, но преговорите сè уште се во тек. Ова е процес. Во исто време, европската страна нè поддржува, таа е присутна во мировниот процес и во договорите за безбедносни гаранции“, истакна тој.

Зеленски претходно изјави дека Путин не сака да ја заврши војната, но дека руската армија и економија се многу исцрпени. мс/

фото: Архива

Остани поврзан