• петок, 20 февруари 2026

Шји Џјинпинг до Карни: Кина и Канада треба да бидат партнери

Шји Џјинпинг до Карни: Кина и Канада треба да бидат партнери

Пекинг, 16 јануари 2026 (МИА) - Кина и Канада треба да бидат партнери, кои се почитуваат и си веруваат едни на други, да се развиваат заедно и да соработуваат, му порача денеска кинескиот претседател Шји Џјинпинг на канадскиот премиер Марк Карни, кои се сретнаа во Пекинг.

- Суштината на економските и трговските односи меѓу Кина и Канада лежи во заемната корист и во соработката од која сите добиваат - рече Си.

Од своја страна, Карни изјави дека Канада и Кина градат ново стратешко партнерство, кое ќе донесе историски придобивки со искористување на силните страни на секоја земја.

Канадскиот премиер пристигна во Пекинг во средата на историска четиридневна посета. Тој е првиот канадски премиер што ја посети Кина од 2017 година.

Неговата мисија во Пекинг е да „обнови врски со вториот најголем трговски партнер на Канада по САД“ по месеци дипломатски напори за „решавање на долготрајните тензии“.

- Важно е да се почне ова ново стратешко партнерство во време на поделби“, му рече Карни на Шји повикувајќи на фокус на области, како што се земјоделството, храната, енергијата и финансиите. „Верувам дека можеме да постигнеме моментен и одржлив напредок - додаде канадскиот премиер. мс/ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан