• сабота, 22 февруари 2025

Си: Односите со Јужна Кореја напредуваат и придонесуваат за регионалниот мир и развој

Си: Односите со Јужна Кореја напредуваат и придонесуваат за регионалниот мир и развој

Пекинг, 7 февруари 2025 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој денеска се сретна со претседателот на Националното собрание на Јужна Кореја, Ву Вон-сик, изјави дека односите меѓу двете земји напредуваат во изминатите 30 години, како и дека придонесуваат за регионалниот мир и развој, пренесоа кинеските медиуми.

Јужнокорејски функционер е во Кина на церемонијата на отворањето на деветтите Зимски Азиски игри, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Како што е наведено, политиката на Кина кон Јужна Кореја е стабилна, а со оглед на зголемената неизвесност во актуелните меѓународни и регионални прашања, двете земји треба да соработуваат во консолидирање и развој на стратешкото партнерство. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан