• сабота, 21 февруари 2026

Седум лица загинаа во експлозија во кинески ресторан во Авганистан

Седум лица загинаа во експлозија во кинески ресторан во Авганистан

Кабул, 20 јануари 2026 (МИА) – Најмалку седум лица загинаа, а десетина се повредени во експлозија во популарен кинески ресторан во центарот на Кабул, главниот град на Авганистан.

Авганистанските власти не ја соопштија причината за експлозијата, но претседателот на соседен Пакистан, Али Зардари во соопштение „го осуди бомбардирањето“.

Еден кинески државјанин и шест Авганистанци беа убиени, а меѓу повредените имаше четири жени и едно дете.

Експлозијата во ресторан во Кабул, во сопственост на Авганистанец и кинески државјанин и неговата сопруга, беше објавена и од кинеската државна телевизија CCTV, која соопшти дека двајца Кинези се тешко повредени и дека е убиен еден припадник на обезбедувањето. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан