• понеделник, 12 јануари 2026

Седници на седум собраниски комисии

Седници на седум собраниски комисии

Скопје, 12 јануари 2025 (МИА) - Во Собранието денеска се закажани седници на комисиите за социјална политика, демографија и млади, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата, а ќе заседава и Законодавно-правната комисија. 

Комисијата за социјална политика, демографија и млади треба да расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување и на Законот за системот за процена на лицата со попреченост, во прво читање, а Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика за предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, прво читање. 

На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање, а Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе расправа за извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи во согласнст со член 153 од Изборниот законик за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. 

Пред Комисијата за финансирање и буџет е предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, во прво читање.

Најавена е и седница и на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред е утврдување листа на пријавени кандидати по одлуката за огласување избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија, разгледување барањa за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Република Северна Македонија и член на Советот на експертите на Агенција за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување. 

Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик - прво читање. 
 
Законодавно-правната комисија, пак, треба да ги разгледа предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување и на Законот за системот за процена на лица со попреченост, како и предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, сите во прво читање.лв/

фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан