Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет
- Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ги разгледа Предлог законот за данокот на додадена вредност-второ читање и Предлог законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на државата.
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ги разгледа Предлог законот за данокот на додадена вредност-второ читање и Предлог законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на државата.
Претседателката Сања Лукаревска информираше дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието не биле поднесени амандмани од овластени предлагачи и затоа Комисија предложениот Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност го проследи за понатамошна постапка во Собранието.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет, едногласно и без расправа го проследија во понатамошна собраниска постапка и предложемниот Закон за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во ЈП за стопанисување со објектите за спорт, а за известител на седницата на Собранието го определија пратеникот Бране Петрушевски.мт/са/
Фото: принтскрин