Се реконструира дел од улицата „Бел камен“ во Кочани
- Во тек се активностите од првата фаза за реконструкција на улицата „Бел камен“. Се изведуваат ископи на асфалтната површина, уличните рабници и на тротоарските површини. Следува ископ на каналски ров за поставување атмосферска канализација. Се работи на крак со должина од 280 метри и ширина 6 м, информира Општина Кочани.
Кочани, 20 ноември 2025 (МИА) - Во тек се активностите од првата фаза за реконструкција на улицата „Бел камен“. Се изведуваат ископи на асфалтната површина, уличните рабници и на тротоарските површини. Следува ископ на каналски ров за поставување атмосферска канализација. Се работи на крак со должина од 280 метри и ширина 6 м, информира Општина Кочани.

Реконструкцијата на улицата „Бел камен“ се реализира со 10.803.000 денари, средства коишто Општина Кочани ги доби од Владата, преку заемот од Светска банка за „Проектот за поврзување на локални патишта“. Со одлука на Советот, Општина Кочани учествува во финансирањето со 700 илјади денари.
За улицата „Бел камен“ е изработен сообраќаен проект. ис/вг/
Фото: Општина Кочани