Се асфалтира улица во населбата Зелен Рид во Куманово
- Проектот се реализара со поддршка на Владата од вториот повик.
Куманово, 12 мај 2026 (МИА) - Почна асфалтирањето на улицата „Васко Карангелевски“ во Куманово. Улицата се реконструира со средства обезбедени од Владата, преку вториот повик за поддршка на инфраструктурни проекти.

-Во тек е асфалтирање на улица „Васко Карангелески“ во населба Зелен рид, соопшти денеска градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.
За реализација на проектот, одвоени се над 3,5 милиони денари. Претходно на дел од улицата општината вложи во изградба на гасоводна мрежа. ам/вј/
Фото: Општина Куманово