• петок, 05 декември 2025

СДСМ: Нов удар врз младите, ДПМНЕ ги намалува парите за студентски стандард за 7,3 милиони евра во Буџетот

СДСМ: Нов удар врз младите, ДПМНЕ ги намалува парите за студентски стандард за 7,3 милиони евра во Буџетот

24 ноември 2025

Во буџетот за 2026 година, Владата на ДПМНЕ ги намалува парите за студентскиот стандард за огромни 7,3 милиони евра! Ова значи помалку пари за стипендии, помалку пари за студентски оброци, за студентските домови. Уште поголем удар врз секој млад човек кој се обидува да се образува и развива во својата земја, вели Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ, во изјава за медимите, што МИА ја пренесува интегрално.

Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите!  Наместо да вложуваат во младите, Владата на Мицкоски им ги крати парите, им ги одзема можностите.  Како намерно да сака да ги избрка од државата.

Не може да има пари за манго, папаја и гоштевање на владините функцонери а да нема за младите. Студентите не се бројка во табела, тие се иднината на државата. А со вакви погрешни политики иселувањето на младите не само што ќе продолжи туку ќе се засили.

СДММ бара власта веднаш да се откаже од овие катастрофлани политики и да го зголеми буџетот за студетски стандард. Младите заслужуваат подобро, заслужуваат повеќе.

Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=rLNwjPQfzgY

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ


СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

Остани поврзан