СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ донесе мерки кои во опозиција ги критикуваше
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 11 февруари 2025
Откако осум месеци Мицкоски беше соучесник во општонардоната кражба на граѓаните од страна на трговците и не направи ништо за тоа, сега под притисок на јавноста донесе мерки кои како прв опозиционер жестоко ги критикуваше. Со носење на мерки за замрзнување на маржите, Мицкоски конечно реши да ги признае сите економски политики и мерки на СДСМ за зауздување на цените.
За жал, се ова е многу доцна и милиони евра веќе се буквално украдени од граѓаните. таа кражба беше овозможена токму од Мицкоски и сега е доцна да ги признава сопствените порази.
Мерките на Владата, како замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи – не даваат ефект затоа што не нудат целосен одговор на состојбата“, пишуваше ВМРО-ДПМНЕ на 10.3.2022 година. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ не е новина во политиката, тие се по тоа познати, но свесното осиромашување на граѓаните цели осум месеци е грев.
СДСМ со месеци апелираше и нудеше решенија. За жал и оваа мерка која Мицкоски ја ископира од СДСМ е парцијална и нема да даде целосно резултат. Ако се земе предвид дека платите не растат, дека цените веќе се дозволи да се качат превисоко ова нема да биде ниту благо санирање на огрмните штети по семејните буџети на македонските семејства.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.