• петок, 16 јануари 2026

Светиот крст на Водици ќе биде положен во езерото во хотел „Белви“ во населба Илинден

Светиот крст на Водици ќе биде положен во езерото во хотел „Белви“ во населба Илинден

Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Општина Илинден информира дека по повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на Светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во населба Илинден.

Манифестацијата е во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден.

- За таа цел се повикуваат сите граѓани на 19 јануари 2026 година (понеделник), во 12:00 часот, заедно да го одбележиме овој голем христијански празник. Сите заинтересирани учесници, кои сакаат да бидат дел од фаќањето на крстот можат да се пријават во црквата Св. „Константин и Елена“ во населба Илинден. За најсреќниот учесник кој ќе го фати крстот, ќе се обезбедат пригодни награди и подароци, се наведува во соопштението. мд/вј/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан