• среда, 10 декември 2025

Света Архиерејска литургија во храмот „Свети вмч. Георгиј“ – Кочани

Света Архиерејска литургија во храмот „Свети вмч. Георгиј“ – Кочани

Кочани, 9 декември 2025 (МИА) - По повод празникот на преподобниот Алимпиј Столпник и светиот великомаченик Георгиј, денеска Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети вмч. Георгиј“ во Кочани.

На богослужбата сослужуваа свештенослужители од Брегалничката епархија, а присутните верници молитвено учествуваа во литургиското славење.

На крајот од богослужбата, Митрополитот Иларион упати пригодна и боговдахновена беседа, по што го благослови и го пресече празничниот леб. ис/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан