• четврток, 19 март 2026

САД им дозволија на дел од вработените во амбасадата да го напуштат Израел поради безбедносни причини

САД им дозволија на дел од вработените во амбасадата да го напуштат Израел поради безбедносни причини

Ерусалим, 27 февруари 2026 (МИА) - САД им дозволија на дел од вработените во амбасадата и нивните семејства да го напуштат Израел поради безбедносни причини, објави дипломатската мисија на Икс.

Во објавата се наведува дека е можно без претходна најава Амбасадата на САД да воведе нови ограничувања за движење на американските претставници во состав на мисијата и нивните семејства, а мерките ќе важат за посети на некои области на Израел, Стариот град Ерусалим и Западниот Брег.

На сите граѓани на САД им се советува да го напуштат Израел додека сè уште има летови. рп/јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан