• четврток, 26 март 2026

Саудиска Арабија пресретна ракети и дронови

Саудиска Арабија пресретна ракети и дронови

Ријад, 6 март 2026 (МИА) – Министерството за одбрана на Саудиска Арабија соопшти дека во текот на ноќта пресретна ракети и дронови.

- Крстосувачка ракета е уништена синоќа во близина на градот Ал Харџа, југоисточно од главниот град Ријад, објави саудиското МО на платформата Икс.

Исто така се наведува и дека во близина на Ријад соборени се неколку беспилотни летала.

На седмиот ден од судирот на Блиски Исток гаѓани се цели во Израел, Иран, Либан и Бахреин. ми/сд/

фото: МИА фото

Остани поврзан