Самостојна изложба на визуелниот уметник Иван Кал'чев - „Суисеки“
- Вечер во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија ќе биде отворена самостојната изложба на гевгелискиот визуелен уметник, Иван Кал’чев, посветена на уметноста на суисеки-древна визуелна и духовна практика која ја слави природата во нејзината најчиста форма, информираа од локалната самоуправа.
Гевгелија, 23 декември 2025 (МИА) - Вечер во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија ќе биде отворена самостојната изложба на гевгелискиот визуелен уметник, Иван Кал’чев, посветена на уметноста на суисеки-древна визуелна и духовна практика која ја слави природата во нејзината најчиста форма, информираа од локалната самоуправа.
Во информацијата се наведува дека изложбата ќе понуди 18 до 19 дела, изработени со внимателна комбинација на камен, дрво и песок, со димензии од 5×5×8 сантиметри до 30×20×20 сантиметри. Секоја композиција носи сопствена визуелна и симболичка нарација, овозможувајќи на посетителот простор за тивка контемплација и лично доживување.
-Суисекито се темели на способноста на еден камен, земен директно од природата и презентиран без интервенции, да буди емоции, асоцијации или визуелни слики кои надминуваат неговата материјална форма. Потеклото на оваа уметност се врзува со кинеската традиција, а во Јапонија се развива уште во 6 век, паралелно со појавата на првите изложби на бонсаи во западниот свет, стои во информацијата за изложбата.
Изложбата е организирана од ЈОУ Дом на култура „Македонија“-Гевгелија и е дел од програмата „Гевгелија град на културата 2025“.рт/сст/
Фото: Општина Гевгелија