Салах постави рекорд во Премиер лигата
- Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на презакажаниот натпревар од 15. коло на англискиот шампионат против Евертон (2:2).

Ливерпул, 13 февруари 2025 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на презакажаниот натпревар од 15. коло на англискиот шампионат против Евертон (2:2).
Натпреварот се одигра синоќа на „Гудисон Парк“ во Ливерпул.
Сега Салах има 13 гола и девет асистенции на 13 гостувања оваа сезона. Триесет и двегодишниот Египќанец стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал 22 поени (голови + асистенции) на гостински терен во една сезона.
Салах го собори рекордот на фудбалерот на Њукасл, Енди Кол од 21 поен (гол и асистенции) на гостински натпревари поставен во сезоната 1993/94. зс/
Фото: ЕПА