• петок, 21 февруари 2025

САД мора да го контролираат Гренланд заради меѓународна безбедност, рече Трамп

САД мора да го контролираат Гренланд заради меѓународна безбедност, рече Трамп

Вашингтон, 21 јануари 2025 (МИА) - САД мора да го контролираат Гренланд за да обезбедат меѓународна безбедност, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп го кажа ова додека потпишуваше извршни наредби во Овалната соба на Белата куќа на првиот ден од неговиот втор претседателски мандат, јавија американските медиуми.

Тој изрази интерес за припојување на Гренланд, автономна данска територија, кон САД откако беше реизбран за претседател во ноември минатата година. Доналд Трамп не исклучува употреба на воена или економска сила за да се убеди Данска да го отстапи Гренланд.

Гренландскиот премиер Муте Егеде, кој е поддржувач на независноста на Гренланд, рече дека островот не е на продажба и дека неговиот народ ќе одлучува за својата иднина. зш/

Остани поврзан