• сабота, 21 февруари 2026

Руте: НАТО соработува со Данска за зајакнување на безбедноста на Арктикот

Руте: НАТО соработува со Данска за зајакнување на безбедноста на Арктикот

Брисел, 23 јануари 2026 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска на Х објави дека соработува со данската премиерка Мете Фредериксен на зајакнување на одвраќањето и одбраната на Арктикот.

„Работиме заедно за да се осигураме дека цело НАТО е безбедно и ќе ја градиме нашата соработка за подобрување на одвраќањето и одбраната на Арктикот. Данска продолжува да дава силен придонес кон нашата заедничка безбедност и ги зголемува инвестициите за да направи уште повеќе“, напиша Руте

Како што беше претходно наведено, Руте и Фредериксен денеска ќе се сретнат во контекст на плановите на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за стекнување на островот, кои предизвикаа дипломатско внимание и потенцијална затегнатост меѓу сојузниците, пренесе данскиот портал DR.dk.

На дневен ред на состанокот е дефинирање на границите на прифатлив ангажман за Данска и Гренланд. Генералниот секретар на НАТО вчера одржа состанок со Трамп на кој разговараа за нацртите на иден договор за Гренланд и безбедносните аспекти на Арктикот.

Фредериксен, по пристигнувањето на самитот на Европската Унија вчера во Брисел, рече дека суверенитетот на земјата е неповредлива „црвена линија“, но оти Данска е отворена за зајакнување на безбедносната соработка во арктичкиот регион. Данската премиерка рече дека подоцна денеска ќе отпатува и во Нук, за да се сретне со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен. јт/

Остани поврзан