Руте му честита на Трамп за неговата инаугурација како 47-ми претседател на САД
- Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, му честиташе на новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за неговата денешна инаугурација.

Брисел, 20 јануари 2025 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, му честиташе на новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за неговата денешна инаугурација.
- Со претседателот Трамп повторно на функција, турбо ќе ги наполниме (буџетите) за трошоци за одбрана и производство. Мои топли честитки до Доналд Трамп за неговата инаугурација како 47-ми претседател на САД и Џеј-Ди Венс како потпретседател, напиша Руте на Х.
Тој додаде дека заедно со Трамп и неговата администрација можат да постигнат мир „преку јачина-преку НАТО“.