Руските сили за воздушна одбрана собориле 106 украински дронови
- Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили за воздушна одбрана собориле 106 украински дронови синоќа.
Москва, 16 јануари 2026 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили за воздушна одбрана собориле 106 украински дронови синоќа.
Во соопштението на воениот оддел се вели дека 44 дронови биле соборени над регионот Белгород, 22 над регионот Рјазан, по 11 над регионите Ростов и Воронеж, седум над регионот Курск, по четири над регионите Тула и Волгоград и по еден дрон над регионите Орјол и Липецк. Еден дрон бил пресретнат и над полуостровот Крим.
Две лица се повредени во украинскиот напад во регионот Рјазан, напиша регионалниот гувернер Павел Малков на Телеграм. мс/ми/
фото: Архива