• сабота, 22 февруари 2025

Руската ФСВ уапсила четири жени обвинети за шпионирање за Украина

Руската ФСВ уапсила четири жени обвинети за шпионирање за Украина

Москва, 7 февруари 2025 (МИА) - Руската служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсила четири жени во Русија и на анектираниот полуостров Крим, обвинувајќи ги дека соработуваат со Украина.

Службата наведе дека тие биле регрутирани од украинските тајни служби за да извршат напади врз високи офицери на руското Министерство за одбрана и врз цели на секторот за гориво и енергија.

Информациите што постојано ги објавува ФСБ за наводно откриени украински терористички планови или саботажи не можат да бидат независно проверени.

Во местата на живеење на жените се запленети експлозиви, електронски детонатори, инструкции за изработка на бомби и средства за комуникација со Киев, соопшти ФСБ.

На приведените жени им се заканува затворска казна до 30 години. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан