Руската организација за човекови права ОВД-Инфо: Минатата година во Русија се уапсени 695 лица поради поврзаност со Навални
- Во Русија минатата година се уапсени 695 лица поради поврзаност со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина пред една година, а властите продолжуваат со апсењето на неговите поддржувачи, објави руската организација за човекови права ОВД-Инфо.

Москва, 14 февруари 2025 (МИА) - Во Русија минатата година се уапсени 695 лица поради поврзаност со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина пред една година, а властите продолжуваат со апсењето на неговите поддржувачи, објави руската организација за човекови права ОВД-Инфо.
Организацијата наведе дека повеќето апсења се случиле за време на комеморации и протести.
Меѓу уапсените имаше и активисти кои организираа акции во знак на сеќавање на Навални, како што е жената која во август минатата година на Црвениот плоштад фрлаше гумени топки со пароли „Слобода за политичките затвореници“ и „За нашата и ваша слобода“. рп/
Фото: ЕПА