• четврток, 15 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Русија прогласи вонредна состојба во Владимирската област поради експлозија

Русија прогласи вонредна состојба во Владимирската област поради експлозија

Москва, 22 април 2025 (МИА) - Властите во руската Владимирска област, источно од Москва, прогласија вонредна состојба поради експлозија, соопштија безбедносните служби.

Гувернерот на Владимирската област Александар Авдеев изјави претходно денеска дека експлозијата се случила во областа Киржах и дека спасувачките екипи работат на местото на настанот.

Авдеев не прецизираше на кое место дошло до експлозијата и дали има штета.

Сепак, каналите Телеграм блиски до руските безбедносни служби пишуваат дека експлозијата била во близина на складиште за оружје во близина на селото Барсово.

Жителите на селата Барсово и Мирни се евакуирани. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан