• сабота, 22 февруари 2025

Рубио со предупредувања до Панама за последици поради Панамскиот канал

Рубио со предупредувања до Панама за последици поради Панамскиот канал

Вашингтон, 2 февруари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио ја предупреди Панама дека САД ќе преземат мерки доколку статусот на Панамскиот канал не се промени веднаш.
Рубио, на состанокот со панамскиот претседател Хозе Раул Мулино, „јасно стави до знаење дека статус кво е неприфатливо и дека во отсуство на итни промени, САД ќе мора да ги преземат неопходните чекори за заштита на своите права“, рече портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.

Американскиот министер му рекол на Мулин дека американскиот претседател Доналд Трамп утврдил дека „актуелната позиција на влијание и контрола на кинеската Комунистичка партија над зоната на Панамскиот канал претставува закана за каналот и кршење на договорот за постојана неутралност и операции на Панамскиот канал“, додаде портпаролката.

Во својот говор на инаугурацијата на 20 јануари, Трамп ја повтори својата закана дека ќе ја „врати“ контролата врз Панамскиот канал, воден пат помеѓу Атлантикот и Пацификот што го изградија САД. зш/

Остани поврзан