Рубио пристигна во Израел во прва посета на држави од Блискиот исток

Вашингтон, 15 февруари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио доцна попладнево пристигна во Израел на првиот дел од турнејата на Блискиот исток.
Рубио слета на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив и в недела треба да разговара со израелските власти кога ќе го истакне предлогот на претседателот Доналд Трамп да се преземе контролата врз Појасот Газа, што е уништен од повеќе од 15 месеци војна меѓу Хамас и Израел. зш/
фото ЕПА