Рубио најавува посети на земјите од Јужна Америка: Враќање на лидерството на САД
- Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека на своето прво патување по преземањето на функцијата ќе ги посети Панама, Ел Салвадор, Костарика, Гватемала и Доминиканската Република и дека тие посети го означуваат „враќањето на американското лидерство „се вратило на западната хемисфера“и дека Америка е подготвена да застане со своите регионални партнери.

Вaшингтон, 1 февруари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека на своето прво патување по преземањето на функцијата ќе ги посети Панама, Ел Салвадор, Костарика, Гватемала и Доминиканската Република и дека тие посети го означуваат „враќањето на американското лидерство „се вратило на западната хемисфера“и дека Америка е подготвена да застане со своите регионални партнери.
„Фокусирањето на заедничките приоритети ќе ја зајакне стабилноста, безбедноста и просперитетот дома и во нашиот регион“, наведе Рубио во писмената изјава. Тој додаде дека надворешната политика на САД предолго се фокусирала на други региони додека не гио гледа „оние во своја близина, занемарувајќи ги партнерите и пријатели“.
Тој посочи дека „тоа завршува сега“ и дека „амбициозната американска надворешна политика на претседателот Доналд Трамп започнува блиску до дома“, со обезбедување на границите на САД. зш/