Рубио: Нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за заштита на САД
- Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за сопствена заштита на САД пред „неминовна закана“.
Вашингтон, 3 март 2026 (МИА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за сопствена заштита на САД пред „неминовна закана“.
- Апсолутно постоеше неминовна закана, а неминовната закана беше тоа што знаевме дека ако Иран биде нападнат, а верувавме дека ќе биде нападнат, тие веднаш ќе тргнат по нас – рече Рубио пред новинарите во Вашингтон.
САД не сакаа да стојат со скрстени раце и да примат удар пред самите да возвратат, додаде тој.
- Знаевме дека ќе има израелска акција. Знаевме дека тоа ќе предизвика напад врз американските сили и знаевме дека ако не тргнеме превентивно по нив пред тие да ги почнат тие напади, ќе претрпиме поголеми жртви-, рече Рубио, додавајќи: „Ова мораше да се случи, без разлика на сè“, пренесе ДПА. јт/
Фото: ДПА