• сабота, 22 февруари 2025

Рубио ги обвини Никарагва, Венецуела и Куба дека предизвикуваат миграциска криза

Рубио ги обвини Никарагва, Венецуела и Куба дека предизвикуваат миграциска криза

Сан Хозе, 5 јануари 2025 (МИА) – Државниот секретар на САД, Марко Рубио синоќа ги обвини владите на Никарагва, Венецуела и Куба дека се „непријатели на човештвото“ и оти предизвикуваат миграциска криза во регионот.

- Овие три режими кои постојат во Никарагва, Венецуела и во Куба се непријатели на човештвото и создадоа миграциска криза. Да немаше такви режим, немаше да има миграциска криза на хемисферата. Ја создадоа бидејќи тоа се земји чии системи не функционираат, истакна Рубио на прес-конференција во Костарика.

На изјавата на Рубио, кој е син на кубански мигранти, реагираше претседателот на Куба, Мигел Дијас-Канел истакнувајќи оти „повторно дрскост ги зафаќа циничните американски политичари“.

- Докажано е дека миграцискиот егзодус во Куба е пропорционален со влошувањето на блокадата што го лишува нашиот народ од основните добра. Човештвото е во опасност поради вашиот неофашизам, истакна Дијас-Канела. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан