• петок, 15 мај 2026

Рубин од 11.000 карати откриен во Мјанмар

Рубин од 11.000 карати откриен во Мјанмар

Непјидо, 15 мај 2026 (МИА) - Медиумите во Мјанмар денеска објавија дека е откриен масивен рубин од 11.000 карати - еден од најголемите пронајдени во земјата од Југоисточна Азија, подрачје познато по овие скапоцени камења.

Ископан од областа Могок на северот од земјата, „рубинот е исклучително голем, редок и тешко се наоѓа“, соопштија властите.

„Џиновскиот рубин има црвеникаво-виолетова боја со жолтеникави нијанси и се смета за висококвалитетен. Иако е помал од сличниот рубин од 21.450 карати откриен во истата област во 1996 година, овој скапоцен камен ќе биде повреден (поскап) поради неговата боја, бистрината и целокупниот квалитет“, се додава.

Императори, кралеви и воени лидери долго време се бореле за контрола врз долината Могок - позната како дом на извонредни рубини, инаку тука нарекувани и „гулабова крв“. Овие скапоцени камења се меѓу најскапите во светот - со највисок квалитет, може да достигнат цена неколку милиони евра.  си/сд/

фото:Икс

Остани поврзан