• сабота, 10 јануари 2026

Романо: Рома во преговори за позајмица на Распадори

Романо: Рома во преговори за позајмица на Распадори

Рим, 8 јануари 2026 (МИА) - Рома и Атлетико Мадрид се во преговори за трансфер на напаѓачот Џакомо Распадори.

Според инсајдер Фабрицио Романо, клубот од Рим сака да го позајми напаѓачот за 1,5 милиони евра со опција за откуп за 20-23 милиони евра. Мадридскиот тим е подготвен да ги прифати условите.

Дваесет и петгодишниот Италијанец одигра 15 натпревари во сезоната 2025/26, постигнувајќи два гола и три асистенции.

Во својата кариера, Распадори има настапувано и за Наполи и Сасуоло. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан