• сабота, 22 февруари 2025

Романо: Мората се согласи да се пресели во Галатасарај

Романо: Мората се согласи да се пресели во Галатасарај

Милано, 30 јануари 2025 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Алваро Мората се согласил да се пресели во Галатасарај, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според неговите информации, италијанскиот клуб има намера да го продаде Шпанецот, додека турската страна размислува за позајмица со опција за купување. Страните преговараат. Се истакнува дека зделката може да биде склучена во блиска иднина.

Мората оваа сезона на 25 натпревари постигна шест гола и направи две асистенции. 

Договорот на 32-годишниот Шпанец со Милан е до летото 2028 година. 

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 13 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан