Рома загуби од Џенова и пропушти шанса да се доближи до врвот во Серија А
- Рома вечерва загуби со 2:1 од Џенова во натпревар на гости од 28. коло на италијанското фудбалско првенство.
Џенова, 8 март 2026 (МИА) - Рома вечерва загуби со 2:1 од Џенова во натпревар на гости од 28. коло на италијанското фудбалско првенство.
Стрелци на головите за домаќините беа Витиња и Жуниор Месиас. За римскиот клуб погоди Еван Н'Дика.
Рома е петта на табелата во Серија А со 51 бод. Тимот од Рим пропушти шанса со победа да се доближи до врвот.
Џенова, со 30 бода, е 13-та на табелата.
Рома ќе игра против Комо на гости во следниот натпревар, додека Џенова ќе се соочи со Верона. зс/
Фото: ЕПА