• сабота, 22 февруари 2025

Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца

Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца

Лондон, 7 февруари 2025 (МИА) – Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа ТикТок поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар со предизвик на социјалната мрежа.

Родителите тврдат дека нивните деца на возраст од 12 до 14 години починале додека учествувале во „предизвикот онесвестување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, јави Гардијан.

Правниот центар за жртви на социјалните медиуми со седиште во САД вчера поднесе тужба во име на родителите против ТикТок и нејзината кинеска матична компанија ByteDance. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан