• сабота, 22 февруари 2025

Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца

Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца

Лондон, 21 февруари 2025 (МИА) – Четворица британски родители поднесоа тужба против платформата ТикТок во САД поради тврдењата дека мрежата ги избришала податоците на нивните деца, за кои тврдат дека починале во „сомнителни околности“.

Родителите поднесоа тужба тврдејќи дека четири деца починале во 2022 година како резултат на обидот за „предизвикот за онесвестување“, вирален тренд со гушење што кружеше на социјалните мрежи во 2021 година.

Една недела по поднесувањето на тужбата, извршниот директор на ТикТок рече дека податоците се избришани поради „законските барања кога отстрануваме податоци“, а според законот на Велика Британија, на платформите не им е дозволено да чуваат лични податоци подолго од потребното. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан