Републиканските конгресмени предупредуваат на терористички закани во САД
- Високи републикански претставници на Конгресот побараа од американските безбедносни агенции да започнат поефикасно да се спротивставуваат на заканите од терористичките организации, како што се Исламската држава и Ал Каеда, соопшти Одборот за внатрешна безбедност на Претставничкиот дом.

Вашингтон, 24 јануари 2025 (МИА) - Високи републикански претставници на Конгресот побараа од американските безбедносни агенции да започнат поефикасно да се спротивставуваат на заканите од терористичките организации, како што се Исламската држава и Ал Каеда, соопшти Одборот за внатрешна безбедност на Претставничкиот дом.
Проценката на заканата објавена од Одборот акцент става на нападот во Њу Орлеанс во кој се убиени 14 лица, како и апсењето на осум државјани на Таџикистан во јуни 2024 година, осомничени дека се поврзани со Исламската држава, пренесе Гласот на Америка.
Терористичкиот напад во Њу Орлеанс е остар потсетник дека терористичките закани се присутни во Америка.
„Странските терористички организации и џихадистичките мрежи во странство се посветени на регрутирање и радикализирање на поединци на американско тло“, изјави претседателот на одборот, републиканецот Марк Грин. рп/
Фото: МИА архива