• четврток, 04 декември 2025

Рекордни 53 поени за Мајами во првата четвртина

Рекордни 53 поени за Мајами во првата четвртина

Мајами, 8. ноември 2025 (МИА) – Кошаркарите на Мајами поставија нов рекорд во НБА лигата откако ноќеска во првата четвртина од дуелот со Шарлот постигнаа 53 поени. Шутерското шоу во првите 12 минути беше „зачинето“ со 10 тројки.

Но, до победата Мајами стигна благодарение на последната четвртина бидејќи гостите од Шарлот во третиот период во два наврати го изедначија резултатот. Најефикасни кај победникот беа Норман Пауел со 25 поени и Ендрју Вигинс со 22, додека кај Шарлот 30 поени реализираше Кон Кнупел.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Орландо – Бостон 123: 110, Вашингтон – Кливленд 114:148, Атланта – Торонто 97:109, Бруклин – Детроит 107:125, Сан Антонио – Хјустон 121:110, Мемфис – Далас 118:104, Мајами – Шарлот 126:108, Милвоки – Чикаго 126:110, Минесота – Јута 137:97, Денвер – Голден Стејт 129:104 и Сакраменто – Оклахома 101:132. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан