• сабота, 22 февруари 2025

Рекорднo намалување на бројот на склучени бракови минатата година во Кина

Рекорднo намалување на бројот на склучени бракови минатата година во Кина

Пекинг, 10 февруари 2025 (МИА) - Бројот на склучени бракови во Кина се намали за една петтина минатата година, што е рекордно намалување и покрај напорите на Владата да ги поттикне младите двојки да се венчаат и да имаат деца со цел да се зголеми популација која се намалува.

Повеќе од 6,1 милиони двојки се венчале минатата година, што е помалку од 7,68 милиони претходната година, покажуваат официјалните податоци на кинеската служба за граѓански прашања.

Намалувањето на интересот за брак и основање семејство долго време се припишува на високите трошоци за грижа за децата и образованието, а покрај тоа, нестабилната економија во последните години им отежнува на младите луѓе со факултетска диплома да најдат работа, додека оние кои веќе ја имаат се чувствуваат несигурни за нивната долгорочна перспектива. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан