• петок, 13 март 2026

Реконструкцијата на внатрешноста од занаетчискиот дом во Куманово

Реконструкцијата на внатрешноста од занаетчискиот дом во Куманово

Куманово, 13 маер 2026 (МИА) - Привршува реконструкцијата на внатрешноста од занаетчискиот дом во Куманово во поранешен архив, соопштија денеска надлежните.

-Во завршна фаза е реконструкцијата на Државниот архив во склоп на Занаетчиски дом. Извршена е санација и адаптација на внатрешните простории, ходникот и терасата, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Внатрешноста на просторот се реконструира со претходно добиено одобрение од Министерство за транспорт и врски, бидејќи се работи за објект за посебно значење од градот, споменик на културата, со претходно одобрено конзерваторско одобрение, информираа, претходно од секторот за урбанизам од општина Куманово. Тие појаснуваат дека автентичноста целосно ќе се задржи во внатрешноста, ќе се промени водоводната и електричната инсталација, ќе се адаптира дел од просторот за поголема функционалност.

Претходно, во 2016 беше санирана внатрешноста на објектот трите ката преку проект на центарот за развој на североисточниот плански регион и преку средства обезбедени од општината. Со приближно 20 милиони денари се санираше внатрешноста, се менуваше столаријата, изолацијата, затоплувањето, се заменија санитарните јазли, електричната инсталација.

Домот на занаетчиите е дело на рускиот архитект Владимир Антонов, изграден по иницијатива на занаетчиите, а пуштен во употреба 1930 година. Објектот е еден од најрепрезентативните, белег на Куманово. Изграден во периодот помеѓу двете светски војни, кога Куманово бил претежно занаетчиски град. На иницијатива на занаетчискиот еснаф, во декември 1923 година била донесена одлука за активирање на фонд за изградба на домот. Камен темелник на занаетчискиот дом бил удрен при крајот на мај 1930 година, во време на светска економска криза. Објектот бил изграден за шест месеци, а на свеченото пуштање во употреба на 21 ноември 1930 година, била организирана свеченост со присуство на претседателот на тогашната Влада на Кралството Југославија. ам/

Фити: МИА

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан