• петок, 05 декември 2025

Резолуцијата поднесена од МД “Илинден“-Тирана, усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции

Резолуцијата поднесена од МД “Илинден“-Тирана, усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции

Дебар, 1 декември 2025 (МИА) - Резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, а усвоена од Федералната унија на европските националности, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските.

-Со Резолуција, во име на нашето друштво и македонско национално малцинство во Република Албанија, ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така, ја повикува Албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на Друштвото.

Очекуваме, додава тој,  албанските институции да преземат соодветни активности, а посебно внимание да посветат и меѓународните институции.

Резолуцијата едногласно беше усвоена од Генералното собрание на ФУЕН, на 69. конгрес што се одржа од 23 до 26 октомври, во Болзано, Јужен Тирол, Италија. 

Според Ѓурѓај, кој беше дел од Конгресот, учествувале претставници од 105 организации-членки од 36 земји во Европа.

Македонското друштвото „Илинден“-Тирана е член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.  вт/вг/

Фото: МД "Илинден"-Тирана

Остани поврзан