• петок, 05 декември 2025

Ред Бул утре ќе го објави составот на возачи за 2026 година

Ред Бул утре ќе го објави составот на возачи за 2026 година

Лондон, 1 декември 2025 (МИА) - Ред Бул на 2 декември ќе го објави својот состав на возачи, соопшти извршниот директор на Формула 1 тимот, Лоран Мекиес. 

- Можам да ви кажам е дека ќе се држиме до нашиот план и дека во вторник ќе го објавиме составот на возачи на Ред Бул. Уверени сме дека ова соопштение нема да влијае на фокусот на тимот кон обезбедување најдобри можни перформанси на Големата награда на Абу Даби, рече Мекиес по трката во Катар.

Се очекува Исак Акар да му биде колега на Макс Верстапен во Ред Бул.

Во болидите на Рејсинг Булс очекувањата се бидат Лиам Лосон и Арвид Линдблад. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан