Регба премина во Марибор
- ФК Работнички го продаде својот фудбалер Али Регба во Марибор, потврдија на социјалните мрежи од словенечкиот тим.

Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - ФК Работнички го продаде својот фудбалер Али Регба во Марибор, потврдија на социјалните мрежи од словенечкиот тим.
Регба во првиот дел од сезоната во ПМФЛ запиша 17 настапи во кои постигна седум гола и додаде пет асистенции.
Сумата што скопскиот тим ја добил за неговиот премин изнесува 150.000 евра.
Во кариерата настапувaше за Белуиздад од Алжир, У21 тимот на Лестер и ирскиот Бохемиас, додека во Работнички пристигна како слободен фудбалер во февруари 2024 година. дс
Фото: Фејсбук/Марибор