• петок, 05 декември 2025

Реал Мадрид се извини за користењето на комеморативно видео со Силва од Елче наместо братот на Диого Жота

Реал Мадрид се извини за користењето на комеморативно видео со Силва од Елче наместо братот на Диого Жота

Мадрид, 24 ноември 2025 (МИА) - Реал Мадрид се извини за користењето на фотографија од друг играч во видео посветено на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.

На Генералното собрание на мадридскиот клуб во недела, 23 ноември, наместо фотографија од Андре Тешеира да Силва беше искористена фотографија од португалскиот напаѓач на Елче, Андре Силва.

- Направена е грешка при снимањето на видеото. Се извинуваме, тоа беше човечка грешка, рече претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

На 3 јули 2025 година, 28-годишниот напаѓач на Ливерпул и Португалија, Жота, и неговиот 25-годишен брат Силва, кој играше за Пенафиел, загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија. Жота го возел автомобилот со голема брзина. Додека престигнувал, гумата на автомобилот пукнала, поради што фудбалерот ја изгубил контролата.

На 23 ноември, Реал Мадрид одигра нерешено 2-2 со Елче во 13-то коло од шпанското првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан