Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 8 февруари 2025
СДС се доказ дека има подолу и од дното!
СДС додека беше на власт во модуларната болница во Тетово изгоре живи 14 лица, во несреќата со автобус поради неорганизиран здравствен систем загинаа 16 лица, в време на корона животот го загубија скори 10 илјади лица. Кога станува збор за сообраќајни несреќи на листата и нема крај ако ги сметаме нивните симпатизери, секако и функционери. За нивниот заменик министер за култура Владимир Лазовски кој предизвика сообраќајна несреќа тогашниот министер за внатрешни молчеше половина месец, а за одговорност да не зборуваме бидејќи во СДС не знаат што е тоа!
СДС да се погледне себе си, да размисли за црвениот картон о изборите минатата година затоа што очигледно не ја сфатиле пораката од народот и да прекине да изигрува суд, да бара оставки од народни избраници. Секој, па и тие одговараат според закон, а не според нивната волја.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.