Реакција на јавните обвинители на вчерашната дискусија во Уставниот суд
- Вчерашната одлука и поделеното гласање на уставните судии, кои не успеаја да заземат конкретен став дали да се поведе постапка за оценување на Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, претставува основ за сериозна загриженост не само на јавните обвинители, туку и на целокупната јавност, бидејќи на тој начин за првпат се доведе во прашање самостојноста на Јавното обвинителство како институција со посебна уставна позиција. Ваквата позиција Уставот му ја дава на обвинителството со задача да обезбеди и да гарантира независност во вршење на функцијата на кривично гонење, особено во случаи кога предмет на гонење можат да бидат и носители на функции во некоја од другите власти.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.