• сабота, 22 февруари 2025

Рашфорд: Избрав место за повторно да се откријам

Рашфорд: Избрав место за повторно да се откријам

Бирмингем, 4 февруари 2025 (МИА) - Новиот фудбалер на Астон вила, Маркус Рашфорд, го објасни својот трансфер во клубот од Бирмингем како позајмен од Манчестер јунајтед.

- Тие се клуб кој е во добра позиција во лигата и бараат да напредуваат. Тие се уште се во Лигата на шампионите, имаат добар, амбициозен тренер и голем талент во тимот. Морав да изберам место каде што чувствував дека ќе се вклопи мојот стил на игра за повторно да се откријам и да станам подобар. Сакам да го искористам најдоброто моето време, изјави Рашфорд за „Goal“.

Рашфорд оваа сезона на 24 настапи за Манчестер јунајтед постигна седум гола и запиша три асистенции. Неговиот договор со Јунајтед е до летото 2028 година. 

Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 55 милиони евра. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан