Ранливите категории граѓани да ги искористат мерките од програмата на Секторот за социјална заштита - Куманово
- Повеќе програми, наменети за разни категории граѓани, предвидува програмата за социјална заштита на Општина Куманово, информираа на денешната прес-конференција надлежните од Секторот. Програмата изнесува над 25,7 милиони денари.
Куманово, 21 јануари 2025 (МИА) - Повеќе програми, наменети за различните категории граѓани предвидува програмата за социјална заштита на Општина Куманово, информираа на денешната прес-конференција надлежните од секторот. Програмата изнесува над 25,7 милиони денари.
-Програмата на Одделението за социјална заштита, здравствена заштита и заштита на децата, од општинскиот буџет се издвоени значителни финансиски средства за неколку клучни мерки кои имаат директно влијание врз секојдневниот живот на најзагрозените семејства, изјави ракводителот на Секторот, Александар Крстевски.

За 2026 година предвидени се седум милиони денари за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, 600 илјади денари за помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица, 1,5 милиони денари за еднократна парична помош, 894 илјади денари за ослободување од партиципација во градинка, четири милиони денари за мерката „Народна кујна“.
Крстевски потенцира дека овие мерки се креирани согласно реалните потреби на граѓаните и анализите на социјалните ризици во општината.
-Барањата за еднократна парична помош можат да се поднесуваат од 1 до 5 во месецот, во текот на целата година, што, значително ја олеснува достапноста на мерките, изјави раководителот.
За различните мерки можат да аплицираат, деца од еднородителски семејства, корисници на гарантирана минимална помош, стари лица – приматели на социјална сигурност, лица со интелектуална и телесна попреченост, потполно слепи и глуви лица, стечајци, самохрани родители, згрижувачки семејства.
Програмата за 2026 година покажува јасна тенденција на проширување на социјалниот опфат и диверзификација на мерките. Со вклучување на различни ранливи категории – од самохрани родители, лица со попреченост, до жртви на семејно насилство – Општина Куманово настојува да креира поинклузивен социјален систем, нагласуваат одговорните.
Средствата за „Народна кујна“, се намалени, но од Секторот се надеваат дека со ребаланс на буџетот мерката ќе се користи цела година. ам/дма/
Фото: МИА