• сабота, 22 февруари 2025

Раниери се откажа од искусниот дефанзивец: Ермосо ќе игра во Леверкузен

Раниери се откажа од искусниот дефанзивец: Ермосо ќе игра во Леверкузен

Леверкузен, 31 јануари 2025 (МИА) - Баер Леверкузен официјално го ангажираше 29-годишниот дефанзивец Марио Ермосо од италијанскиот клуб Рома на позајмица. Договорот за изнајмување е до крајот на сезоната.

Ермосо е производ на академијата на Реал Мадрид, а играше и за Еспањол и Атлетико Мадрид.

Шпанецот минатиот септември стана играч на Рома. Настапи на 13 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Актуелниот договор на играчот со римскиот клуб е до летото 2027 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан