• петок, 21 февруари 2025

Раниери: Гласините за доаѓањето на Анчелоти не доаѓаат од нас

Раниери: Гласините за доаѓањето на Анчелоти не доаѓаат од нас

Рим, 4 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Рома, Клаудио Раниери не ги потврди гласините дека раководството на клубот ќе се обиде да го привлече Карло Анчелоти да биде тренер на Римјаните од новата сезона.

-Читам, но секој ден излегува нешто ново и тоа е нормално. Фокусирани сме на нашата работа, а што се однесува до новиот тренер, разгледуваме неколку опции, но името ќе го објавиме по крајот на сезоната. Гласините не доаѓаат од нас, изјави Раниери за „СпортМедиаСет“.

Раниери е уверен дека Рома има шанса да го елиминира Милан во четвртфиналето од Купот на Италија.

-Целта е да се претставиме добро против Милан. Знаеме дека на домашен терен немаат пораз 12 натпревари. Последниот беше против Наполи. Откако дојде Консеисао, тие имаат пет победи, две нерешени и два порази. Ќе се соочиме со тим полн со таленти и шампиони. Свесни сме дека се соочуваме со одличен тим и ќе се обидеме да ја играме нашата игра, прокоментира Раниери. дс

Фото: Архива

Остани поврзан